Долгогодишниот аналитичар на Apple, Минг-Чи Куо во својата неодамнешна објава откри дека идниот iPhone 17 Air ќе биде исклучително тенок.
Со оглед на тоа што Plus моделот е најслабо продаваниот iPhone, Apple планира во следната генерација да го замени со нивниот најтенок мобилен телефон досега, кој, според сите изгледи, ќе се вика iPhone 17 Air. Иако веројатно до есен нема да биде откриена точната дебелина на iPhone 17 Air, Минг-Чи Куо, еден од најдоверливите и најпопуларни аналитичари на Apple, веќе сподели детали за ова.
Според неговите извори, iPhone 17 Air на најтенката точка ќе биде дебел само 5,5 милиметри. Ова е, би рекле, неверојатно. Поради оваа дебелина, Куо наведува дека iPhone 17 Air најверојатно нема да има физички слот за SIM-картичка, туку ќе се потпира исклучиво на eSIM поради својот ултра тенок дизајн.
Сепак, ова би можело да предизвика проблеми на одредени пазари кои сè уште не дозволуваат продажба на мобилни телефони што поддржуваат исклучиво eSIM.
Ако оваа гласина се покаже како точна, тоа нема да биде првпат Apple да претстави ултра тенки уреди. На пример, најновиот 13-инчен iPad Pro има дебелина од само 5,1 милиметар. iPhone 17 Air веројатно нема да ја достигне таа тенкост, но очигледно ќе се доближи многу, многу блиску.