Во текот на изминатата недела, Razer ја претстави новата генерација преносни компјутери – Blade 16. Според компанијата, ова е најтенкиот гејмерски лаптоп досега.
Blade 16 е до 32 проценти потенок од моделот од 2024 година и има дебелина од 0.59 инчи (1.5 см). За да се постигне ултратенкиот профил, Blade 16 располага со нова генерација на систем за ладење со испарувачка комора и дизајн со два вентилатори. Новото решение за ладење покрива 57% од површината на матичната плоча и има ребра од 0.05 мм.
Тастатурата е променета, нудејќи 50% поголем од на копчињата, кој изнесува 1.5 мм. Дополнително, 16-инчниот екран е со QHD+ OLED панел со 240Hz и време на реакција од 0.2 милисекунди.
Во однос на графиката, е додадена можност за новата серија графички процесори NVIDIA GeForce RTX 50. Razer исто така првпат воведува процесори AMD Ryzen AI и најави тренер за е-спортови со вештачка интелигенција, наречен Project Ava.
Blade 16 има звучен систем со 6 звучници, подесен од THX, како и разни однапред поставени еквилајзерски профили за игри, филмови, подкасти и друго. Засега, цените за новиот модел не се објавени.