OpenAI ја фрли ракавицата во лицето на сите технолошки компании кои се фалат со своите виртуелни асистенти. Имено, како што најавија, во ChatGPT воведоа бета верзија на функцијата Tasks.
Објаснувајќи што е тоа, OpenAI истакна дека Tasks ќе им овозможи на корисниците на ChatGPT да бараат завршување на некоја задача во иднина – од потсетник за купување билети за фудбалски натпревар до извештај за временската прогноза или условите на патот.
ChatGPT ќе ги следи и разговорите со корисникот и врз основа на нив ќе предложи одредени задачи, кои корисниците ќе можат да ги прифатат или одбијат.
Дека другите креатори на виртуелни асистенти се свесни за заканата на OpenAI најдобро говори фактот што Amazon планира да го освежи својот асистент Alexa во „наредните месеци“. Нивната цел е да го претворат виртуелниот асистент во AI агент, кој би бил целосно лесен за користење и, на пример, да ги вклучува и исклучува светлата во зависност од навиките за спиење на неговите корисници.
Од друга страна, Apple го интегрираше своето „Apple Intelligence“ во Siri, токму со помош на ChatGPT, додека Google го опреми својот виртуелен асистент со вештачката интелигенција Gemini.