„Кинематика“ или „Во светот на филмската музика на Дуке Бојаџиев“ е насловот на концертот што Дуке Бојаџиев ќе го одржи на 7 февруари во Македонската филхармонија. Концертот е во чест на 20 години интернационална кариера. Овој целовечерен концерт ќе ги пренесе слушателите низ најзначајните моменти од филмското творештво на Бојаџиев, создавајќи емотивно патување кое ја истакнува убавината на филмската музика и нејзината моќ да ги допре најдлабоките делови од човечката душа.
„Кинематика“ не е само концерт – тоа е искуство кое ги обединува музиката и филмската уметност, потсетувајќи нè на нивната длабока поврзаност и способност да допрат до глобалната публика. Со поддршка од врвни музичари и со свежи аранжмани, оваа вечер ќе биде искуство кое ја слави моќта на музиката да раскажува приказни, да ги спојува луѓето и да инспирира.
Бојаџиев ќе настапи заедно со: Злата Тошевска Димовска, сопран, Климент Тодороски, прва виолина, Милена Тодороска Мургоски, втора виолина, Марија Димитријевиќ, виола, Енис Аљи, виолончело, Мартин Ѓаконовски, контрабас и Павел Ренџов – тапани, перкусии.
Ексклузивен спонзор на концертот е „Халкбанк“.


