Според протечените информации од искусниот инсајдер Digital Chat Station, Xiaomi наводно планира значително да го зголеми капацитетот на батериите кај паметните телефони во 2025 година.
Гласините велат дека еден Redmi телефон ќе биде лансиран со батерија од околу 7500 mAh, надминувајќи ги неодамнешните конкуренти како realme GT7 Pro, OnePlus 13, а потенцијално надминувајчи го и наводниот капацитет на Galaxy S25 Ultra.
Иако ова не е најголемата батерија некогаш видена во телефон (нишни робусни телефони често се пофалуваат со многу поголеми капацитети), се очекува дека овој Redmi уред ќе биде стандарден паметен телефон, а не масивен и робусен модел.
Додатно поттикнувајќи ја трката во капацитетите на батериите, Digital Chat Station тврди дека Xiaomi веќе тестира уред со уште поголема батерија.
Оваа вест доаѓа кратко по извештаите кои сугерираат дека серијата Galaxy S26 би можела да ја прифати технологијата на силициумско-јаглеродни батерии, која овозможува поголема густина на енергија и потенцијално потенок дизајн или зголемен капацитет.
Сепак, наводниот Redmi уред ќе го изостави безжичното полнење. Се чини дека трката за капацитетите на батериите ќе продолжи да се интензивира во 2025 година, бидејќи производителите настојуваат да им понудат на потрошувачите уреди со подолго траење на батеријата.