Ултра-евтините Android телефони, како HMD Key од 75 долари, привлекуваат внимание со својата цена. Сепак, како е можно вакви уреди воопшто да постојат?
Кои телефони можете да купите за помалку од 100 долари?
Телефони под 100 долари не се новина и обично спаѓаат во две категории: обновени бренд модели или генерички телефони од Кина. Сепак, HMD Key е поинаков — доаѓа од познат бренд и беше лансиран во земји како Велика Британија и Австралија на почетокот на 2025 година.
Како се произведуваат телефони за помалку од 100 долари?
- Најскапите компоненти, како процесорите, се заменуваат со поевтини опции, како чипови од Unisoc, кои чинат помалку од 20 долари.
- Екраните, камерите и меморијата се исто така со минимални спецификации.
- Минимални вложувања во маркетинг: Големите компании трошат милијарди на маркетинг, додека производителите на ултра-евтини телефони штедат на реклами и се потпираат на социјалните мрежи и технолошки портали за промоција.
- Ограничена софтверска поддршка: Телефоните од оваа класа ретко добиваат ажурирања, а претходно инсталираните апликации често служат за дополнителни приходи.
Дали производителите заработуваат од овие телефони?
Профитот од продажбата на ваквите евтини телефони е минимален или не постои. Сепак, стратегијата зад овие уреди често е насочена кон долгорочни придобивки, како привлекување млади корисници или зголемување на лојалноста кон брендот.
Проблеми со телефоните под 100 долари
- Слаби перформанси: Евтините процесори, како Unisoc SC9832E, се базирани на застарена технологија, а уредите со мала количина RAM и бавна меморија можат да бидат бавни и непостојани.
- Ограничена функционалност: Телефоните често доаѓаат со Android Go систем, кој е оптимизиран за уреди со помалку од 2 GB RAM, но дури и така нудат ограничено корисничко искуство.
Кому му се наменети овие телефони?
Ултра-евтините телефони можат да бидат од голема корист за луѓе во посиромашните делови на светот. За многумина, дури и најприфатливиот Android телефон претставува значителна инвестиција, но овозможува пристап до образование, информации и банкарски услуги.
Иако ваквите уреди не се идеални за секој корисник, тие играат клучна улога во поврзувањето на милијарди луѓе со интернетот, пишува Android Authority.