Тукушто претставената серија на телефони Samsung Galaxy S25 донесува ново дефинирање на премиум дизајн, комбинирајќи иновација и елеганција со најновите технолошки достигнувања. Со најновите модели Galaxy S25 Ultra, Galaxy S25+ и Galaxy S25, оваа серија не е само надградена – таа претставува и скок кон иднината на мобилните уреди, интегрирајќи вештачка интелигенција во функциите, напредни материјали, одржлив пристап и врвна безбедност на вашите податоци.
Со надградениот кориснички интерфејс One UI 7, серијата Galaxy S25 претставува вистински ВИасистент кој ги разбира вашите контексти, потреби и преференции, обезбедувајќи персонализирани ВИ искуства со целосна приватност. Ова е резултат на партнерството со Google, кој го поставува фокусот на вештачката интелигенција како основен елемент на Android. Новиот Quallcom Snapdragon® 8 Elite за Galaxy чип дава до 40% подобрени перформанси во вештачка интелигенција, додека поголемиот систем за ладење гарантира дека уредот останува стабилен и ладен и при најинтензивни задачи.
ВИ агентите со мултимодални способности го овозможуваат Galaxy S25 да интерпретира текст, говор, слики и видеа за природни и интуитивни интеракции. Надградбата на функцијата Пребарување со заокружување (Circle to Search) ги прави пребарувањата на екранот на телефонот побрзи, контекстуални и поврзани. Со само еден допир, серијата Galaxy S25 може брзо да препознае телефонски броеви, е-пошта и URL-адреси, овозможувајќи ви да извршувате повици, пишувате е-пошта или посетувате веб-страници.
Со едноставен допир и задржување на страничното копче кај телефоните од серијата Galaxy S25 се активира Gemini за беспрекорна интеракција помеѓу Samsung и Google апликациите. Дополнително, серијата Galaxy S25 ги проширува своите ВИ функции за комуникација, продуктивност и креативност. Транскрипцијата на повик и резиме ја организираат комуникацијата, додека алатките за помош при пишување и цртање (Drawing Assist) нудат нови можности за продуктивност и изразување на идеи.
Galaxy S25 серијата поставува нови стандарди за мобилната фотографија, со сензори со висока резолуција и ProVisual Engine за максинално детални снимки. Ултра-широката камера од 50 MP обезбедува врвна јасност и живописност, а 10-битното HDR снимање нуди четири пати побогат израз на боите. Galaxy S25 обезбедува исклучителни резултати и при слаба светлина, со уште понапредно намалување на бучавата благодарение на моќниот процесор.
Новите алатки за уредување ги прават напредните функции достапни за сите. Audio Eraser ги отстранува несаканите звуци, додека пак со Virtual Aperture која е интегрирана во популарниот режим Expert RAW, се контролира длабочината на полето за мобилно искуство налик на DSLR. Galaxy S25 ја подобрува кинематографската креативност со Galaxy Log и прецизни опции за градирање на боите. Функцијата Portrait Studio дозволува креирање на аватари со реални изрази, додека новите филтри додаваат филмска естетика на фотографиите и видеата.
Во поглед на визуелниот изглед на најновите модели, Galaxy S25 Ultra се издвојува како најтенкиот и најлесниот модел во серијата, со 15% потенок профил и елегантно заоблени рабови. Изработен од титаниум и Corning® Gorilla® Armor 2, уредот нуди издржливост на падови, гребнатини и удари, додека новите материјали, како керамика и антирефлективна обвивка, ја подобруваат неговата естетика и трајност. Достапен во четири бои – титаниум сребрено-сина, титаниум црна, титаниум бело-сребрена и титаниум сива – Galaxy S25 Ultra ја рефлектира софистицираноста и премиум квалитетот. Кај Galaxy S25+ и стандардниот Galaxy S25 секоја надворешна компонента вклучува најмалку еден рециклиран материјал, додека металната рамка за првпат содржи рециклиран оклопен алуминиум. Овие два модели ќе бидат достапни во темносина, сребрена, ледено сина и ментол зелена боја
Фокусот на одржливост е јасно изразен – Samsung ги користи рециклираните материјали за изработка на сите модели, вклучувајќи стакло, алуминиум и пластика, како и батерии со 50% рециклиран кобалт. Овој пристап ја потврдува посветеноста на брендот за намалување на еколошкиот отпечаток, додека корисниците уживаат во напредни иновации.
Galaxy S25 серијата докажува дека естетиката, перформансите и издржливоста можат да се комбинираат во едно совршено мобилно искуство. Со одржливи материјали и извонреден дизајн, Samsung продолжува да биде лидер на пазарот, поставувајќи нови стандарди за иднината на мобилните уреди.
Уредите од најновата серија Galaxy S25 веќе се достапни за нарачка. Бидете чекор пред сите и нарачајте го вашиот нов Galaxy S25, Galaxy S25+ или Galaxy S25 Ultra веднаш.