Според неофицијални информации, Nothing ќе го претстави својот прв флегшип смартфон – Phone (3), на медиумски настан закажан за 4 март.
Почетокот на годината традиционално означува време кога Nothing официјално го објавува датумот на претставување на новиот мобилен телефон. Сега на ред е Phone (3), кој Nothing ќе го претстави на 4 март во 11 часот по наше време.
Иако не се познати многу детали за претстојниот Phone (3), се зборува дека тоа би можел да биде првиот вистински флегшип паметен телефон на Nothing. Оваа гласина делумно ја потврдува и самото име на настанот – “Power in Perspective” (Сила во перспектива).
Официјалната промотивна фотографија открива дека Phone (3) ќе има три сензори за камера, како и освежен дизајн со препознатливите LED-светла на задната страна. Се очекува Nothing подоцна оваа година да претстави и поевтини модели, Phone (3a) и Phone (3a) Plus.