Најновите Galaxy S25 и Galaxy S25+ се тука, како дел од револуционерната Galaxy S25 серија, носејќи напредна вештачка интелигенција (AI) и подобрени перформанси кои го прават вашето мобилно искуство побрзо, попаметно и поинтуитивно. Со само едно барање, AI ги активира вашите апликации за да работат заедно, овозможувајќи ви непречено завршување на повеќе задачи истовремено.
Напредни AI функции за интелигентна продуктивност
Galaxy S25 и Galaxy S25+ доаѓаат со нови AI функции, кои ја носат мобилната технологија на следно ниво,овозможувајќи интуитивни и паметни искуства, како брзо наоѓање на стара фотографија, сумирање на вашиот ден со Now Brief, а благодарение на Personal Data Engine. Овој напреден систем анализира и обработува лични податоци директно на вашиот уред, обезбедувајќи персонализирани предлози, а воедно и заштита на приватноста.
Популарната функција Пребарување со заокружување (Circle to Search) сега е уште побрза и попаметна, автоматски препознавајќи броеви, е-пошта и URL-адреси на екранот, овозможувајќи ви веднаш да повикате, испратите порака или посетите веб-страница. Со Galaxy AI се унапредени и алатките за продуктивност и креативност како Транскрипција на повик (Call Transcript) која ги организира вашите повици со автоматска транскрипција и резиме, Помош при пишување (Writing Assist) која ја резимира содржина и форматира белешки без потреба од префрлување помеѓу апликации, како и функцијата Помош за цртање (Drawing Assist) која овозможува комбинирање на скици, текст и визуелни насоки за оживување на идеите.
Овие функции работат непречено благодарение на надградениот One UI 7, обезбедувајќи интуитивен кориснички интерфејс што ги олеснува секојдневните задачи.
Избор помеѓу два моќни модели
Galaxy S25 и Galaxy S25+ се дизајнирани да одговараат на различни стилови и потреби. Стандардниот Galaxy S25 e компактен, со 6,2-инчен екран и батерија од 4.000 mAh, достапен во 128 GB, 256 GB или 512 GBмемориски опции, додека S25+ има поголем екран од 6,7 инчи, издржлива батерија од 4.900 mAh и е достапен во 256 GB или 512 GB верзии.
Со Armor Aluminum рамка и Corning® Gorilla® Glass Victus® 2, овие телефони се цврсти, издржливи и стилски. Сертификатот IP68 гарантира отпорност на вода и прашина, што значи дека обата уреди се подготвени за секоја авантура.
Совршени фотографии, дење и ноќе
Новите модели носат подобрени камери благодарение на напредниот AP (Application Processor), што уште повеќе го подобрува режимот Nightography, овозможувајќи снимки со извонредна јасност и живописност дури и во ноќни услови. Функцијата Object-aware Engine интелигентно го детектира осветлувањето и го прилагодува, обезбедувајќи природни, детални портрети, и секако, благодарение на технологиите со вештачка интелигенција вградени во системот на камери, секоја слика е оптимизирана за максимална јасност и во реалистични бои.
Безбедност на највисоко ниво
Вашите лични податоци остануваат целосно безбедни благодарение на Galaxy AI и Personal Data Engine. Овој систем ги шифрира и обработува податоците директно на уредот, осигурувајќи дека нема неовластен пристап од други апликации.
Со Galaxy S25 и Galaxy S25+, добивате моќен, интелигентен и безбеден телефон кој ги предвидува вашите потреби и работи за вас. Без разлика дали сте во потрага по компактен уред или моќен смартфон со поголем екран, новата S25 серија е подготвена да го подигне вашето мобилно искуство на сосема ново ниво.
Уредите од најновата серија Galaxy S25 веќе се достапни за нарачка. Бидете чекор пред сите и нарачајте го вашиот нов Galaxy S25, Galaxy S25+ или Galaxy S25 Ultra веднаш.