Аналитичарот на Apple и новинар на Bloomberg, Марк Гурман наведува дека Apple во моментов работи на верзија на visionOS која ќе ја користи на своите идни паметни очила.
Не е тајна дека Apple Vision Pro не е баш комерцијално успешен, а како што наведува и новинарот на Bloomberg, Марк Гурман во своjот неодамнешен извештај, тоа добро му е познато и на технолошкиот гигант од Купертино. Поради тоа, компанијата фрли поглед кон иднината и ја бара следната „голема работа“, која според сè, ќе бидат паметните очила.
Имено, како што наведува Гурман, Apple во моментов работи на верзија на visionOS наменета токму за паметни очила. Сепак, и покрај тоа, паметните очила на компанијата нема да ја видат светлината на денот уште најмалку три години, ако не и повеќе.
Apple наводно сака да ги претстави паметните очила како продолжение на Vision Pro во рок од една или две години, но поради одредени технички предизвици, тоа сепак е одложено.
Гурман вели дека токму поради тоа, Apple сака да го премости јазот помеѓу Vision Pro и паметните очила со издавање на други уреди во стилот на својот прв AR/VR уред, кои ќе бидат поевтини и на тој начин попривлечни за купувачите. Сепак, овие уреди веројатно нема да стигнат на пазарот оваа година.