Huawei започна со развој на јавна бета верзија на HarmonyOS PC, со што компанијата сè повеќе се оддалечува од оперативниот систем Windows.
Според информациите што пристигнуваат од мрежата Weibo, Huawei веќе спроведе полујавни тестирања на HarmonyOS PC верзијата кон крајот на минатата година, додека внатрешните тестирања продолжија и на почетокот на 2025 година.
Во моментов, Huawei работи на идентификација и корекција на багови со цел HarmonyOS PC да стане постабилен и понадежен пред официјалното лансирање. Иако точниот датум на дебито не е познат, гласините сугерираат дека компанијата би можела да го претстави својот PC оперативен систем до јуни 2025 година.
Huawei MateBook со HarmonyOS софтвер?
Претседателот на Huawei Consumer Business Group, Ју Ченгдонг, изјави дека следната генерација на лаптопи на Huawei ќе користи HarmonyOS наместо Windows. Ова значи дека новите модели на MateBook би можеле да дебитираат со овој оперативен систем.
Иако Huawei сè уште не ги потврдил овие информации официјално, се очекуваат нови детали во наредните недели, пренесува HC News.