OmniBook Ultra Flip 14 е ултрапреносен модел со енергетски ефикасни процесори, напреден OLED екран и метално куќиште
Претходно веќе го претставивме лаптопот HP OmniBook Ultra 14, но иако има слично име, Flip моделот значително се разликува – по дизајнот, обликот, како и по изборот на екран и процесор. HP OmniBook Ultra Flip 14 е дизајниран да понуди слични можности како поскапиот конвертибилен лаптоп Spectre, но по нешто пониска цена. Во САД, неговата почетна цена изнесува 1.179 долари,
За таа цена, добивате компактен уред со минималистички дизајн во Eclipse Gray боја. OmniBook Ultra Flip 14 доаѓа со алуминиумско куќиште, а на капакот има само HP лого, додека делот за одмор на дланките е уште почисто дизајниран. Присутен е препознатливиот diamond cut ефект – задниот дел на куќиштето е малку закосен за подобар визуелен ефект.
Една од клучните функционалности е ротацијата на екранот за 360 степени, што овозможува различни режими на користење – како класичен лаптоп или во tablet mode. Околу 14-инчниот екран има многу тенки рамки, освен горната, каде што е сместена напредна 9 MP камера со IR сензор за логирање преку Windows Hello.
Импресивен OLED екран со брзина на освежување од 120 Hz
Еден од најголемите адути на овој лаптоп е OLED екранот со висока резолуција од 2880 x 1800 пиксели. OLED панелот носи предности како совршена црна боја, висок контраст и извонредна репродукција на бои. Покрај тоа, времето на одзив е само 0,2 ms, а брзината на освежување изнесува 120 Hz. Панелот поддржува 100% DCI-P3 спектар и има светлина од 500 nits, што овозможува квалитетен приказ на HDR содржини.
Моќен, но ефикасен Intel Core Ultra процесор
Во металното куќиште се наоѓа Intel Core Ultra 7 258V процесор со осум јадра, од кои четири се наменети за високи перформанси. Овој процесор е дел од Lunar Lake серијата, која жртвува дел од суровата моќ за подобра енергетска ефикасност, што резултира со до 14 часа автономија на батеријата.
Позадински осветлената тастатура очекувано нема премногу долг од, а под неа се наоѓа голем и простран touchpad. Во пакетот со лаптопот доаѓа и stylus, што овозможува негово користење за креативни задачи или брзи белешки.
Што се однесува до поврзувањето, на едната страна се наоѓаат два Thunderbolt 4 порта, еден дополнителен USB-C порт и 3,5 мм аудио конектор. Лаптопот има и напредни мрежни можности, вклучувајќи поддршка за Wi-Fi 7 и Bluetooth 5.4.
Сè на сè, станува збор за ултраприносен лаптоп со квалитетно метално куќиште, напреден OLED екран со висока резолуција и доволно моќен хардвер за работа или забава во движење.