Американската компанија Caviar претстави две свои скапи „златни“ верзии на iPhone 16 Pro и 16 Pro Max на Apple
Станува збор за паметни телефони обложени со 24-каратно злато, а дизајнот е инспириран од биткоинот. Како што е познато, криптовалутата биткоин, според некои критичари, денес е контроверзна и е нелегална во некои делови од светот.
„Биткоин-изданието на iPhone 16 Pro е луксузен омаж на водечката криптовалута во светот. Неговиот дизајн се одликува со сложени 3-Д гравури на логото на биткоин, врамено во шема инспирирана од блокчејн, симболизирајќи го неограничениот потенцијал на дигиталните финансии“, соопшти компанијата.
Уште повеќе, за неа се говори дека купувачите или целната група на Caviar се претежно обожаватели на американскиот претседател Доналд Трамп. Брендот, инаку, реши да продаде само 47 примероци од луксузно-модифицираните уреди.
„Овој број ја одразува реткоста и поврзаноста со една од највлијателните личности во модерната политика“, се додава во соопштението.
Така, позлатениот iPhone 16 Pro чини 11.130 долари, а позлатениот Pro Max – 11.910 долари.