Компанијата Apple во следните денови ќе ја лансира новата iCloud услуга дизајнирана за различни настани и покани.
Станува збор за услуга со назив Confetti, која наскоро ќе биде достапна, најави познатиот новинар на Bloomberg, Марк Гурман, во неговиот неделен подкаст „On Demand“.
Confetti ќе претставува нов начин за поканување луѓе на забави, состаноци и користење на различни функции, и ќе се разликува од апликацијата Calendar. Лансирањето на оваа услуга се поврзува со iOS 18.3, кој почна да пристигнува до корисниците во последната недела од јануари.
Новата услуга веќе е забележана во бета-кодот и се чини дека ќе биде интегрирана во iCloud апликацијата, како и дека ќе има своја веб-верзија на интернет-страницата iCloud.com.
Целта на апликацијата е поканување луѓе на настани, а корисникот ќе може да види кој го потврдил своето присуство. Интерфејсот би можел да биде поинтересен од оној што го има апликацијата Calendar, која веќе поседува функција за поканување на настани.