Кон крајот на овој месец ја очекуваме премиерата на Xiaomi 15 Ultra која ќе се одржи во Кина, а глобалната презентација најверојатно ќе се одржи на мобилниот конгрес во Барселона. Додека чекаме официјални детали, на интернет се појави постер кој открива кога ќе биде официјалната премиера, иако се уште нема потврда за неговата автентичност.
Тој доаѓа од Кина и открива дека презентацијата во Кина ќе биде на 26 февруари (среда), што е неколку дена пред почетокот на Мобилниот конгрес на 3 март. Минатата година Xiaomi 14 Ultra беше лансиран во Кина на 22 февруари (четврток), а глобалното лансирање се одржа во Барселона на 25 февруари (недела). Веројатно сега ќе го видиме глобалното издание на 2-ри март.
Заедно со ова, Xiaomi 15 Ultra се појави во ново видео, прикажувајќи ја изменетата конфигурација на главната камера, која повторно вклучува 4 сензори. Гледаме и заден панел со мат финиш. Според претходните гласини, уредот ќе нуди главен сензор од 1″ 50 MP Lytia LYT-900 со OIS, 200 MP со оптички зум 4,3x, 50MP со 3x зум и 50MP со ултра широк објектив.
Останатите карактеристики може да вклучуваат селфи камера од 32 MP, LTPO AMOLED дисплеј од 6,8 инчи со стапка на освежување до 120 Hz, ултразвучен сензор за отпечатоци и, секако, водечки чипсет Snapdragon 8 Elite во комбинација со до 16 GB RAM. Батеријата најверојатно ќе биде импресивна, бидејќи се шпекулира дека има капацитет од 6.000 mAh и поддржува брзо жично полнење на 90 W.