Неконтролираниот влез на вселенски отпад во атмосферата на Земјата предизвикува сè поголема загриженост, бидејќи може да претставува опасност за авионите во лет. Иако шансите за судир се мали, последиците сепак може да бидат катастрофални.
Неодамна, американската Федерална администрација за авијација (FAA) побара од компанијата SpaceX да спроведе истрага за инцидентот при кој го загуби својот ракетен систем Starship за време на лансирањето на 16 јануари од Starbase во Тексас. Остатоците од Starship 7 паднале во Атлантскиот Океан, во близина на островите Теркс и Кајкос, а наводно се пронајдени остатоци и на копно.
За време на деструктивниот инцидент, FAA активираше „зона за одговор“ поради остатоците и привремено го забави летот на авион кој се наоѓал надвор од областа каде што паѓале остатоците од Starship 7. Можно е и некои авиони да биле запрени на местата за полетување. Неколку екипажи побарале пренасочување поради низок нивото на гориво додека чекале надвор од засегнатата област.
Истражувањата покажуваат дека ризикот се зголемува поради влезот на остатоците во атмосферата и честите авиолиниски летови.
„Како одговор, националните власти може да одлучат превентивно да го затворат воздушниот простор во периодот кога паѓаат остатоците, а некои веќе го направија тоа“, се наведува во истражувањето на канадски научници.
„Накратко, постои 26% шанса неконтролираниот вселенски отпад секоја година да влезе во прометни воздушни простори, како што се североисточниот дел на САД или северна Европа“, изјави Јуан Рајт од Универзитетот во Британска Колумбија, Ванкувер, Канада.
За Inside Outer Space тој изјави дека властите би можеле да го затворат воздушниот простор, како што се случи во Европа во 2022 година, но тоа има економско влијание и нови безбедносни последици.