Иако продажбата на хардверот на Nintendo опадна за дури 30 проценти во споредба со 2023 година, јапонскиот производител сè уште има позитивен став и верува дека Switch оваа година ќе ја надмине легендарната DS конзола по бројот на продадени примероци.
Nintendo Switch е на пат да достигне значајна пресвртница оваа година. Имено, јапонскиот производител на конзоли и видеоигри објави дека до крајот на 2024 година, Switch е продаден во повеќе од 150 милиони примероци од своето лансирање.
Сепак, оваа импресивна бројка од 150 милиони сè уште е нешто помала од Nintendo DS, кој во својот животен век од 12 години беше продаден во 154 милиони примероци. Меѓутоа, со оглед на претстојните игри како што се Metroid Prime 4 и Pokémon Legends: Z-A, многу е веројатно дека Switch конечно ќе го престигне DS оваа година и ќе стане најпродаваната Nintendo конзола на сите времиња.
По победата над DS, останува уште само еден ривал пред Switch да ја преземе титулата на најпродавана конзола во историјата. Тоа, се разбира, е PlayStation 2, кој во текот на својот животен век беше продаден во дури 160 милиони примероци.
Инаку, Nintendo релативно неодамна го најави и доаѓањето на Switch 2. Новата конзола го задржува препознатливиот дизајн, но е поголема, со црни Joy-Con контролери кои се прицврстуваат со магнети. Има два USB-C приклучока, редизајнирана станица за полнење и ново копче на десниот Joy-Con. Потврдено е дека Switch 2 ќе поддржува игри од оригиналниот Switch, а повеќе детали Nintendo ќе открие на 2 април.