Новата функција Google Gemini 2.0 Flash овозможува брза анализа и извлекување на клучни информации од YouTube видеата, заштедувајќи им време на корисниците
Последниот бран ажурирања на Google Gemini 2.0 донесе корисна нова функција – Gemini 2.0 Flash сега може да гледа YouTube видеа наместо вас. Пред да се запрашате дали и него ќе го заморуваат рекламите, станува збор за функција чија цел е да анализира видеа и да извлекува информации од нив наместо вас.
Наместо да трошите време гледајќи цело видео само за да дојдете до една клучна информација, Gemini може да го обработи содржината за неколку секунди и да одговори на вашите прашања.
Која е користа од оваа функција?
Оваа функција е особено корисна за истражување и брзо добивање на кратки и јасни информации. Многу корисници се соочиле со ситуации каде што им се потребни само едноставни информации од видео, но авторите често го развлекуваат содржината за да ги задржат гледачите подолго.
На пример, многу кулинарски видеа содржат рецепти, но често не нудат јасен список на чекори и состојки во описот. Наместо рачно да го препишувате рецептот, сега можете да побарате од Gemini да го прегледа видеото и да ви генерира комплетен список за неколку секунди.
Како да ја користите новата функција?
За да ја искористите оваа можност, потребно е да:
- Го отворите Gemini на веб или преку мобилната апликација.
- Се најавите на вашиот Google профил.
- Во менито (горе лево на веб или на врвот на апликацијата) изберете ја опцијата: „2.0 Flash Thinking Experimental with apps“.
Потоа, можете да поставите прашање како:
„Можеш ли да го погледнеш ова видео и да ми дадеш список на состојки и инструкции за подготовка?“
И потоа да го додадете линкот до видеото.
Совети за успешно користење:
- Користете ја опцијата ‘Share’ (Сподели) на YouTube и копирајте го линкот преку „Copy link“.
- Директното копирање на URL од адресната лента на прелистувачот може да предизвика грешка.
Поширока примена
Освен анализа на YouTube видеа, Gemini 2.0 Flash сега може да се користи и со Google пребарување и Google Maps, што дополнително ги проширува неговите можности.
Оваа функција може значително да го забрза пристапот до информации и да го подобри корисничкото искуство. Ако ја тестирате, споделете ги вашите впечатоци, пишува TechRadar!