Социјалната платформа Discord најави нова функција наречена Ignore.
Станува збор за функција што му овозможува на корисникот да ги скрие сите нови пораки, директни пораки, серверски нотификации, профили и активности од одредени корисници, без тие да бидат известени за тоа. Од Discord истакнуваат дека ова е „поблаг пристап“ кон ограничувањето на интеракциите, што го барала нивната заедница. Тоа е помалку строг начин за „отстранување“ на одредена личност во споредба со стандардното блокирање.
Во пракса, директните пораки од игнорираната личност ќе се појавуваат во инбоксот со икона и име во сива боја, така што ќе останат достапни доколку корисникот одлучи да ги прочита во некој момент. Истото важи и за пораките ако некој што решил да игнорира одреден профил се приклучи на гласовен или видео разговор во кој е присутна игнорираната личност. Discord ќе прикажува предупредување на корисниците пред да се приклучат на повикот.
Функцијата Ignore може да се активира од неколку места, вклучувајќи го паѓачкото мени што се појавува со клик на аватарот на профилот. Листата на сите игнорирани и блокирани профили е видлива во лентата Content & Social во корисничките поставки.
Можно е и да се прекине игнорирањето на профил преку таа целосна листа, од листата на пријатели или со посетување на профилот на личноста.
Discord нуди сите детали за новата функција Ignore на својата страница Help Center.