Извршниот директор на Nothing, Карл Пеи уште во 2022 година ги спомена Head (1) – наглавни слушалки кои наскоро би можеле да го видат светлото на денот.
Nothing веќе има богат аудио-портфолио со модели како Ear, Ear (a), CMF Buds, Ear Stick и Ear (open). Сепак, британскиот производител, зад кој стои коосновачот на OnePlus, сè уште не влегол во конкурентниот сегмент на наглавни слушалки со активно поништување на бучавата (ANC), но изгледа дека тоа наскоро ќе се промени.
Имено, порталот Smart Prix дознава дека Nothing работи на нов модел на слушалки, кои се сертифицирани од SGS Fimka под ознаката B170. Во базата на податоци, производот е означен само како „безжични слушалки“, па се претпоставува дека токму тие би можеле да бидат првите наглавни слушалки на Nothing.