На 20-ти февруари во Стартап клуб Скопје, со почеток од 18 часот започнува QA trends Vol. 2, настан што ќе даде осврт на последните трендови во QA заедницата. Своето искуство и знаење ќе го споделат професионалци како Влатко Николоски, Димитри Желков, Ана Саберску и Александар Давидовски. Под модераторска палка на Ана Палчевска, QA инженер со повеќе од 8 години искуство, ќе можете бесплатно да ги чуете сите новости во оваа сфера од докажани професионалци и да присуствувате на панел дискусија што ќе ви даде одговор на главните прашања од последните трендови.
„Веруваме и очекуваме дека овој настан ќе собере на едно место интелектуалци и професионалци од сферата на Quality Assurance. Јас како менаџер за настани и амбасадор на заедницата верувам дека дополнително ќе не здружи и поврзе со цел на меѓусебна соработка и размена на знаење и искуства.“ – сподели Ана Палчевска, која оваа година е организатор и модератор на настанот.
За повеќе информации заследете не на социјалните мрежи LinkedIn, Facebook, придружете се на нашата заедница и следете ги новостите околу овој настан овде.