OnePlus ќе одржи настан на 18 февруари и ќе го претстави новиот паметен часовник Watch 3
OnePlus најави дека следниот вторник, на 18 февруари, ќе го претстави својот нов паметен часовник, OnePlus Watch 3. Иако претходните гласини сугерираа дека уредот ќе биде претставен во јануари заедно со моделите OnePlus 13 и OnePlus 13R, тоа не се случи. Сепак, кинескиот производител сега потврди дека часовникот доаѓа следната недела и сподели речиси сите клучни детали.
OnePlus Watch 3 ќе биде достапен во две бои, а неговиот дизајн нема многу да се разликува од минатогодишниот Watch 2. Она што го издвојува овој паметен часовник е декларираното траење на батеријата до пет дена во таканаречениот Smart Mode, односно при користење на полната верзија на WearOS. Ова не е изненадувачки, бидејќи FCC претходно откри дека батеријата на овој модел е за 29% поголема од онаа на неговиот претходник.
Новиот OnePlus Watch 3 ќе има рамка од титан, додека екранот ќе биде заштитен со сафирно стакло отпорно на гребнатини и пукнатини. Куќиштето, најверојатно, ќе биде изработено од не’рѓосувачки челик.
Специјален попуст за купувачите во Европа
Во одредени европски земји, корисниците можат да се регистрираат на официјалната страница на OnePlus и да добијат попуст од 80 евра за претстојниот OnePlus Watch 3.