Xiaomi потврди дека својот нов флегшип смартфон ќе го претстави на 2 март, точно еден ден пред почетокот на MWC во Барселона.
Изминативе недели многу се зборува за Xiaomi 15 Ultra, новиот предводник на кинескиот производител, кој треба да биде сериозен конкурент на неодамна претставениот Galaxy S25 Ultra. Додека се приближува претставувањето на 15 Ultra во Кина, Xiaomi сега го потврди и датумот на глобалното лансирање – 2 март.
Тоа, инаку, е ден пред почетокот на MWC во Барселона, па се претпоставува дека Xiaomi ќе го одржи своето претставување токму таму, што е вообичаена практика за производителите на паметни телефони.
Ако се повтори сценариото од 2024 година, можеме да очекуваме дека заедно со Xiaomi 15 Ultra глобално ќе биде претставен и стандардниот Xiaomi 15. Верзијата Pro најверојатно ќе остане ексклузивна за кинескиот пазар, како и претходните години. Сепак, оние кои сакаат, ќе можат да го нарачаат Xiaomi 15 Pro преку специјализирани онлајн продавници за кинески мобилни телефони.
Неодамна се појави и вест дека цените на новите предводници на Xiaomi нема да се зголемат. Тоа значи дека почетниот Xiaomi 15 ќе ја задржи цената од 1.000 евра, додека Xiaomi 15 Ultra ќе чини 1.500 евра.