По долго чекање, најпопуларниот музички стриминг сервис конечно ќе воведе висококвалитетен стриминг до крајот на 2025 година во рамките на пакетот Music Pro
Сега веќе поминаа скоро четири години откако Spotify најави дека ќе премине на висококвалитетен стриминг. Тогаш изјавија дека ќе им испорачуваат музика на корисниците во квалитет на CD формат на сите кориснички уреди и звучници со поддршка за Spotify Connect, но тоа досега не се случи, и покрај притисокот од конкурентските сервиси.
Сепак, нешто конечно се придвижи. Новиот извештај на Bloomberg наведува дека Spotify работи на финализирање на сите детали за воведувањето на висококвалитетниот стриминг и дека корисниците би можеле да го добијат до крајот на оваа година. Исто така, се наведува дека Spotify ќе наплаќа дополнителни 5 или 6 долари месечно за оваа опција и дека ќе биде наречена Music Pro.
Конкурентите како Apple Music веќе извесно време вклучуваат висококвалитетен стриминг во основната цена на својата услуга, но Spotify наводно планира да ја оправда дополнителната претплата со вклучување на функции како ремиксирање песни и продажба на билети за концерти. Spotify неодамна потпиша повеќегодишен договор за лиценцирање со Warner Music Group, а сличен договор потпишаа и со Universal Music, па затоа се можни и дополнителни поволности за претплатниците на Music Pro.