Најновото ажурирање на Windows 10 го воведува новиот Outlook, но многу корисници се незадоволни од неговите перформанси и ограничувања.
По последното Patch Tuesday ажурирање, корисниците на Windows 10 забележаа дека им е инсталиран новиот Outlook клиент, кој ги заменува старите апликации Mail и Calendar. Сепак, наместо подобрување, овој потег предизвика бран негативни реакции – и тоа сосема оправдано.
Корисниците на Reddit истакнуваат дека апликацијата е побавна од оригиналната Mail апликација, ја зачувува е-поштата во облак, што не е идеално за приватност, а дополнителен проблем се и рекламите кои се појавуваат меѓу вистинските мејлови. Ваквите промени ја поттикнаа заедницата да развие неофицијална алатка која го блокира инсталирањето на новиот Outlook
Дали е време за алтернатива?
Ако не сте задоволни од новиот Outlook, постојат многу други опции. Достапни се клиенти со повеќе функционалности, а можете да се насочите и кон бесплатни (open-source) програми, кои нудат поголема приватност и транспарентност.
Ако ве загрижува тоа што Microsoft сега ја зачувува вашата е-пошта во облак, можеби е вистинскиот момент да испробате друг е-поштенски клиент и да ја преземете целосната контрола врз вашите податоци, пишува XDA.