На серверите на Samsung што управуваат со OTA (over-the-air) ажурирањата, откриена е верзија на софтвер за уред кој би можел да биде пристапниот Galaxy Z Flip FE.
Samsung оваа година би можел да претстави подостапна верзија на претстојниот Galaxy Z Flip 7. Гласините за овој модел, кој неофицијално се нарекува Galaxy Z Flip FE, кружат веќе со месеци, а сега неговото постоење на некој начин го потврди и јужнокорејската компанија.
Како што пренесува GSM Arena, на серверите на Samsung што управуваат со OTA ажурирањата, откриена е верзија на софтвер за уред со број на модел SM-F761. Станува збор за мобилен телефон кој сè уште не е официјално најавен и моментално не постои во Samsung-овото портфолио.
Инаку, буквата „F“ во името укажува дека станува збор за преклопен мобилен телефон, додека бројот „7“ покажува дека припаѓа на серијата Flip.
Треба да се истакне дека досегашните модели следат логичен редослед на ознаки. Flip 5 беше SM-F731, Flip 6 ја носи ознаката SM-F741, па затоа се очекува Flip 7 да биде SM-F751. Ако оваа логика е точна, тогаш ознаката SM-F761 претставува исклучок меѓу Flip моделите и дополнително поттикнува сомнеж дека навистина би можело да се работи за Galaxy Z Flip FE.
Инаку, Galaxy Z Flip FE би требало да користи ист екран како Flip 6, но ќе го придвижува Samsung-овиот Exynos 2400e. Од друга страна, Galaxy Z Flip 7 би требало да добие нешто помоќен Exynos 2500. Претставувањето се очекува во јули.


