Апликации што овозможуваат лесно пронаоѓање и примена на различни атрактивни позадини навистина има многу, а ова е уште една што ќе им се допадне на оние кои сакаат wallpapеr позадини и за паметните телефони и за своите компјутери…
WallSpot е само уште една апликација што на едно место собира различни атрактивни позадински слики и која, според своите функционалности, не се разликува многу од стотици други апликации од овој тип. Сепак, тоа не значи дека нема да им се допадне на оние што сакаат да го прилагодуваат интерфејсот на својот паметен телефон.
Апликацијата нуди повеќе од 900 разновидни позадини со висока резолуција, од кои многу се прилагодени за паметни телефони, но постои и категорија со позадини наменети за десктоп компјутери, што на некои корисници сигурно ќе им биде интересно.
Како и кај другите апликации од овој тип, позадините се сортирани во категории за полесно пребарување. За секоја позадина може да се добијат дополнителни информации, како што е палетата на бои (со можност за копирање на вредноста на секоја боја). Покрај тоа, wallpapерите можат едноставно да се постават како позадина на почетниот екран или на екранот што се прикажува кога телефонот е заклучен.
Апликацијата не нуди некои посебно напредни или дополнителни функции. Важно е да се напомене дека корисниците можат да отворат кориснички профил, а повеќето слики се генерирани со вештачка интелигенција. Покрај тоа, не сите позадини се бесплатни – некои можат да се користат само по гледање реклама или со купување на Premium изданието, кое чини 6,49 евра.