Meta потврди за CNBC дека поради проблем на Instagram корисниците добиваат Reels кои вообичаено не се појавуваат во алгоритмите, а тоа се клипови кои прикажуваат насилство и сексуална содржина.
„Работиме на решавање на проблемот што резултираше со тоа што некои корисници гледаат содржини во нивниот ѕид на Instagram Reels што не треба да се препорачува. Се извинуваме за ова“, соопшти Meta.
Корисниците на социјалните мрежи прашуваа дали и другите се преплавени со Reels што содржат насилни и сексуални теми. Еден корисник на Reddit рече дека видел снимки од пукотници во училиштата и видеа од убиства.
Друг рече дека добил видеа од прободување, обезглавување, кастрација, голотија, нецензурирана порнографија, па дури и силување. Некои од нив рекоа дека сè уште гледаат слични клипови дури и по активирањето на опцијата Sensitive Content Control.
Алгоритмите на социјалните мрежи се дизајнирани да им прикажуваат на корисниците клипови и други содржини слични на она што тие обично го гледаат, читаат или имаат интеракција. Во овој случај, Instagram им прикажуваше содржина на луѓе кои немаа врска со слични Reels, а понекогаш дури и откако корисникот кликнал на опцијата Not Interested (Не сум заинтересиран) на Reel со насилна и сексуална содржина.
Портпаролот на Meta не откри за CNBC за што точно станува збор, но некои од пријавените клипови воопшто не треба да се наоѓаат на Instagram, со оглед на политиките на компанијата.