Конечно и кај нас, во нашата најсовремена продавница за компјутерски компоненти, отсега е достапен и онлајн конфигуратор, со кој лесно ќе може да го склопите вашиот идеален компјутерски систем.
Тимот на Нептун верува дека вашиот компјутер треба да биде единствен како и вие, затоа се одлучија на пионерски и храбар исчекор кон овој сегмент, знаејќи дека со конфигураторот нема да понудат само техничка слобода на своите купувачи, туку и ексклузивно патување до нивниот личен, уникатен компјутер.
Онлајн конфигураторот нуди загарантирана компатибилност меѓу компонентите, широк избор на премиум компоненти од врвни брендови, неограничена креативност и целосна поддршкачекор-по-чекор низ секоја компонента во вашата конфигурација. Од изборот на процесор, преку графичката картичка, па сè до последниот мемориски чип – со онлајн конфигураторот кој ексклузивно го нуди само Нептун, вие сте архитект на сопственото ремек–дело одкомпјутер.
Но зошто сами да конфигурирате компјутер?
Дополнителна предност на овој подвиг е тоа што ќе го прилагодите вашиот иден компјутер според вашите желби и потреби до најмалите детали. Без оглед на тоа дали сакате да склопитекомпјутер за игри, за стриминг или интензивно ќе го користите за создавање мултимедијална содржина, сега имате „хаб“ каде ќе ги најдете сите компоненти и конфигураторот кој ќе ви помогне да креиратеврвен домашен, канцелариски или компјутер за игри. Сето ова, благодарение на Нептун ќе биде лесно како 1-2-3.
Изборот на компонентите што ја сочинуваатсекоја компјутерскаконфигурација е вистинскауметност и конечно Нептун ја носи таа уметност поблиску до вас, токму преку оваа револуционерна услуга.
Кога сами ќе составите компјутер, вие имате само своја, лична конфигурација што ќе одговара навашите потреби, посебен, единствен компјутершто никој друг го нема освен вас. Со избирањена вистинските компоненти со помош на конфигураторот, ќе постигнете максималниперформанси со минимална инвестицијашто ќе гиоживее вашите игри и апликации.
И за крај, потсетување за сите љубители натехнологијата, искористете ја можноста за купување производи од целата ИТ категорија надури 48 рати без камата, во сите продавницина Нептун.