Англискиот трип-хоп колектив Massive Attack по 15 години се враќа во Скопје со концерт на 28 јуни на стадионот на АРМ. Настапот е во рамките на фестивалот Skopje Calling.
„Ако има некаква реална корист од технологијата и фактот дека таа секој ден е се’ подобра и подобра, а некои животни сегменти поради неа се се’ полоши и полоши, сигурно сте свесни дека, благодарение на неа, денес „Масив атак“ звучат и изгледаат на сцена подобро од кога било досега. Бидејќи, нивната музика е едноставно бесмртна, а техничките можности за нејзината презентација и интерперетација во живо подобри од кога било“, велат организаторите.
Нивната релевантност, како што кажува насловот, ниту била, ниту ќе биде доведена во прашање во било кое време и на било кое место на планетава: Massive Attack се голем бенд и без конкуренција во она што и’ го пружаат на публиката, од headline настапите на големите светски фестивали, па до соло концертите, како овој што летово ќе го имаме во Скопје.
Па, зарем имаат било каква конкуренција во светската дискографија песни како Safe from harm, Angel, Teardrop, Protection, Unfinished Symphony, Inertia Creeps, како песни кои во живо се далеку повозбудливи од студиските верзии.
Влезниците ќе бидат во продажба од утре (5 март) во 10 часот наутро на avalonbooking.mk


