Huawei го објави својот единствен паметен телефон со тројно преклопен екран – Huawei Mate XT Ultimate Design, како и многу други премиум и fashion-forward флегшип производи
На годинашниот Светски конгрес за мобилни технологии (MWC 2025) во Барселона, Huawei го претстави својот единствен телефон со тројно преклоплив екран – Huawei Mate XT Ultimate Design, како и многу други премиум и модно-напредни водечки производи. Посетителите на настанот имаа можност да истражуваат специјализирани зони за преклопливи телефони, здравје и фитнес, фотографија, како и алатки за креативна работа и да дознаат како Huawei ги применува најновите технологии во секојдневниот живот.
Многумина со возбуда го очекуваат Huawei Mate XT, првиот комерцијален паметен телефон со тројно преклоплив екран. Овој модел користи специјално развиени технологии за шарки и екрани кои овозможуваат екранот да се превиткува навнатре на една шарка, а нанадвор на друга. Телефонот е опремен со камера со физички отвор на бленда кој може да се прилагоди на 10 нивоа.
Во павилјонот на Huawei Consumer BG се изложени и уредите од серијата Huawei Mate 70, кои се опремени со Ultra Chroma камера што нуди досега невидена точност на бои. Во посебна зона, посетителите можат да ги испробаат функциите како што се мулти-експозиција и AI ретуширање. Во зоната посветена на моделот Huawei Mate X6, присутните можат да се запознаат со иновативните материјали што се користат за изработка на овој уред, како и да се обидат да сечат мраз со графенски лист за да ја почувствуваат извонредната топлинска спроводливост на материјалот од кој е направен овој модел.
Како дел од овој настан, Huawei преку симулации на реални сценарија од областа на спортот и здравјето ја претставува својата широка палета на носливи уреди. Во велосипедската зона, учесниците можат да го тестираат брзото и прецизно следење на виталните функции со помош на Huawei TruSense системот. Посетителите имаат можност да ги споредат податоците за срцевиот ритам собрани со уредот Huawei Watch GT 5, кој можат да го користат дури и професионални спортисти.
Во зоната Health Glance се прикажани повеќе здравствени индикатори што ги следи Huawei Watch D2. Huawei претставува и линија на паметни носливи уреди кои нудат премиум искуство со извонреден дизајн и паметни функции, што покажува дека паметните носливи уреди станаа клучен фактор за растот на потрошувачкиот сектор на Huawei во последниве години. За големиот успех во овој сегмент најдобро говори податокот дека Huawei во првите три квартали од 2024 година остварил најголем обем на продажба на носливи уреди во споредба со сите конкуренти во оваа област.
Во GoPaint зоната се претставени уметнички дела од сите делови на светот, создадени со ексклузивниот GoPaint софтвер на уредите Huawei MatePad. Со претставувањето на новиот MatePad Pro модел со PaperMatte OLED екран од 13,2 инчи, Huawei покажува дека внимателно ги следи потребите на креативците. Овој иновативен екран нуди живописни бои со поголема прегледност, овозможувајќи искуство на пишување и цртање како на хартија. Huawei M-Pencil од 3-та генерација е наменет за користење со овој таблет, а со чувствителност на притисок од 10.000 нивоа, M-Pencil им овозможува на корисниците максимално да ги искористат различните виртуелни четки во GoPaint софтверот.
Huawei ги претстави најновите достигнувања во областа на аудио уредите со Huawei FreeArc безжичните слушалки. Ова е модел на отворени слушалки со иконски C-bridge дизајн во форма на обетка, кој обезбедува извонреден звук, моќен бас и удобност во сите временски услови, нудејќи ненадминато корисничко искуство. Дизајнирани за максимална удобност и стабилност, овие слушалки остануваат на место дури и за време на најинтензивните физички активности. Како први Huawei слушалки со IP57 сертификат за водоотпорност, тие се совршени за кој било спорт или авантура на отворено, дури и на дожд.
Гледајќи кон иднината, Huawei ќе продолжи да ја следи стратегијата на лидерство преку квалитет, зајакнувајќи ја конкурентноста на своите производи, развивајќи иновативни уреди и обезбедувајќи неприкосновено, AI-напредно искуство во сите сценарија на користење.