Минатата година Honor Magic V3 стана најтенкиот преклопен уред со форма на книга во историјата, но сега го надмина Oppo Find N5. Поради тоа, се постави прашањето како ќе одговори Honor, а решението е Magic V4.
Според гласини од Кина, Honor ќе го претстави Magic V4 во јуни оваа година. Дебелината на овој преклопен смартфон ќе биде помала од 9 мм кога е затворен, што значи дека барем ќе му парира на моделот Find N5 во овој сегмент, ако не го надмине.
Magic V4 ќе располага со одлични камери, вклучувајќи главен 50 MP сензор (1/1.5″) и 200 MP перископска телефото камера со 3x оптички зум, која користи 1/1.4″ сензор.
Внатрешниот екран ќе има големина од околу 8 инчи, додека надворешниот 6,45 инчи. Станува збор за LTPO панели со стапка на освежување од 120 Hz. Скенерот за отпечатоци ќе биде интегриран во страничното “power” копче, а смартфонот ќе поддржува безжично полнење и сателитска поврзаност. Исто така, се очекува да биде водоотпорен според IPX8 стандардот.
Уредот ќе го напојува Qualcomm Snapdragon 8 Elite процесорот, но можно е да се работи за варијанта со само седум CPU јадра, слично како кај Find N5.
Ако овие информации се точни, Magic V4 ќе стане многу интересен ривал во светот на преклопните смартфони подоцна оваа година.