Иако Samsung Galaxy S25 моделите штотуку се појавија со продажба, веќе се појавија протечени фотографии за нивните наследници од Galaxy S26 серијата
Дојавувачот @PandaFlashPro” ги објави првите фотографии од Galaxy S26 серијата, споредувајќи ја со тековните Galaxy S25 модели. Според овие слики, Galaxy S26 и Galaxy S26+”ќе ги задржат заоблените рабови, додека “Galaxy S26 Ultra” ќе има малку поостри агли, но сепак со заоблени страни. За жал, новите модели сè уште користат централно поставен отвир за селфи камерата, наместо очекуваната технологија со камера скриена под екранот.
Што можеме да очекуваме од Galaxy S26 серијата ?
Уште потенки рамки на екранот
“Samsung” планира уште повеќе да ги намали рамките околу екранот, иако разликата во однос на S25 серијата веројатно ќе биде минимална. Целта е да се подобри корисничкото искуство и визуелниот впечаток.
Подобрена батерија
Според фотографиите, Samsung ќе користи силициум-карбонски аноди за батериите, што ќе овозможи поголема густина на енергија. Ова би можело да го зголеми капацитетот на батеријата на 6.000 mAh до 7.000 mAh, што би значело подолг временски период на користење без полнење.
Револуционерна камера
Samsung работи на нов 200 MP сензор за телефото камерата, со големина од 1/1,5 инчи. Овој сензор би овозможил подобри детали при зумирање, благодарение на високата резолуција и можноста за „кропување“ без губење на квалитетот.
Во моментов нема информации за промени во дизајнот на задниот дел на телефонот. Сепак, фокусот е на подобрување на перформансите и корисничкото искуство, наместо на радикални промени во изгледот.
Сè на сè, Samsung Galaxy S26 серијата ветува дека ќе ја продолжи традицијата на иновации, со уште потенки рамки, импресивни батерии и револуционерни камери.