Оваа година изгледа дека Google ќе го задржи традиционалниот дизајн за следната генерација на своите Pixel смартфони. На тоа укажуваат нови компјутерски генерирани фотпграфии од трите очекувани модели – Pixel 10, Pixel 10 Pro и Pixel 10 Pro XL. Уредите имаат препознатлива масивна елипсовидна секција за главната камера.
Pixel 10 ќе има екран со дијагонала од 6,3 инчи и димензии 152,8 x 72 x 8,6/12 мм. Видливата промена овде е додавањето на трет сензор во главната камера.
Pixel 10 Pro ќе има исти димензии како основниот модел, додека димензиите на Google Pixel 10 Pro XL ќе бидат 162,7 x 76,6 x 8,5 мм, со 6,8-инчен екран. Средната рамка кај Pixel 10 е мат, додека кај двата Pro модела е сјајна.
Серијата Pixel 10 ќе воведе чипсет Tensor G5, кој е првиот чип на Google произведен од TSMC. Се претпоставува дека заедно со серијата Pixel 10 ќе биде лансиран и новиот асистент Pixel Sense. Веројатната премиера е во август.