Нови податоци од компанијата за пазарни анализи Counterpoint Research покажуваат дека испораките на телевизори на глобално ниво пораснале за 2 проценти на годишно ниво, достигнувајќи 61 милион примероци во последниот квартал од 2024 година. Вкупно за целата година се регистрирани 230 милиони испораки, што исто така претставува раст од 2 отсто на годишно ниво.
Аналитичарите забележуваат раст на повеќето пазари, но во Јапонија и Азија пазарот на телевизори се намалува, со пад од 15% и 4% соодветно. Samsung го задржа првото место со 16% удел во четвртиот квартал од 2024 година, но TCL е многу блиску со 14%. Hisense е на третото место со 12%, а LG на четвртото со 10% пазарен удел.
Испораките на премиум модели, како QD-MiniLED, QD-LCD, NanoCell, LCD 8K, QD-OLED, WOLED и MicroLED, пораснале за 51% на годишно ниво во кварталот и 38% за целата година. Во овој сегмент, пазарниот удел на Samsung падна на 29%, што е 12% помалку во однос на претходната година.
На пазарот на премиум телевизори, испораките на MiniLED LCD телевизори пораснале за над 170% на годишно ниво, надминувајќи ги испораките на OLED телевизори од вториот квартал наваму. QD-LCD телевизорите исто така забележуваат раст од над 46%, при што за првпат го надминуваат прагот од 5 милиони единици за едно тримесечје.