Некои Galaxy уреди ја имаат апликацијата Game Booster, која го унапредува гејминг искуството со обезбедување дополнителни корисни функции, а Samsung сега ја надгради оваа апликација со нови опции.
Новиот Game Booster+ моментно е достапен само во Јужна Кореја и тоа како модул, дел од апликацијата Good Lock. Се верува дека Game Booster+ ќе стане достапен за корисниците надвор од Јужна Кореја во блиска иднина.
Оваа апликација нуди можност за ремапирање на копчињата, дополнителни поставки за GPU единицата и рачна класификација на апликациите како игри.
Ремапирањето на копчињата на контролерот во игра им овозможува на корисниците да „програмираат“ одредени ин-гейм контроли за друго посакувано копче, а исто така нуди и опција за поставување различни профили погодни за различни игри.
Новите GPU поставки вклучуваат PreTransform и Texture Filter.
PreTransform е начин да се намали оптоварувањето на GPU при ротација на екранот кај Vulkan игрите, додека Texture Filter го подобрува квалитетот на текстурите во игрите. Можно е да се избере Default, Performance и Quality режим.
Game Booster+ овозможува додавање на апликации на листата и нивно класифицирање како „игри“. Ова е особено корисно за одредени игри кои не се означени како „игри“, поради што Game Booster не функционира. Меѓутоа, на овој начин корисникот може рачно да додаде апликации и да ги активира потребните Game Booster функции.