Најновите информации сугерираат дека Samsung S26 Ultra ќе понуди променлив отвор на бленда, што би можело да биде голем чекор напред за мобилната фотографија.
Иако Samsung S25 Galaxy серијата е лансирана неодамна, веќе почнаа да се појавуваат гласини за следната генерација на серијата Galaxy S26. Најновите информации укажуваат дека Samsung размислува повторно да ја воведе функцијата на променлив отвор на бленда за главната камера на моделот S26 Ultra.
Samsung првпат ја претстави технологијата на променлив отвор на бленда со серијата Galaxy S9 во 2018 година. Овој систем овозможуваше автоматско прилагодување помеѓу F1.5 и F2.4 во зависност од условите на осветлување, а исто така поддржуваше и рачно менување во професионален режим. Иако серијата S10 ја задржа оваа функција, Samsung ја отстрани од серијата S20 и не ја користеше во следните модели.
Според гласините, Samsung планира да го врати променливиот отвор на бленда кај S26 Ultra, но оваа функција ќе биде достапна само на главната камера. Моментално нема дополнителни детали, но се сугерира дека хардверските промени кај сензорот на камерата нема да бидат револуционерни.
Во последните години, некои производители на паметни телефони, како Xiaomi и Huawei, развија континуирано променлив отвор на бленда, што овозможува уште пофлексибилно прилагодување. Сепак, Xiaomi одлучи да се откаже од оваа функција кај моделот Xiaomi 15 Ultra, што укажува дека оваа технологија сè уште е во фаза на експериментирање на пазарот.
iPhone 18 Pro исто така во игра?
Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо исто така спомена дека Apple можеби планира да воведе променлив отвор на бленда кај iPhone 18 Pro селедната година. Иако засега нема конкретни детали, ова укажува дека променливиот отвор на бленда би можел да стане клучен тренд во мобилната фотографија, барем кај врвните модели.
Доколку Samsung S26 Ultra и iPhone 18 Pro ја добијат оваа функција, ќе биде интересно да се следи како овие два технолошки гиганти ќе ја интерпретираат и применат оваа технологија.