LG Electronics ја потврди својата доминација на пазарот на премиум телевизори, предводејќи ги глобалните испораки на OLED телевизори во 2024 година со повеќе од 52,4% удел на пазарот.
Веќе 12 години по ред, LG суверено владее со пазарот на OLED телевизори, постојано подобрувајќи го корисничкото искуство преку врвен квалитет на сликата и звукот, како и персонализација базирана на вештачка интелигенција. LG OLED телевизорите нудат совршено прикажување на нивоата на црна боја и подобрена осветленост, што ја претставува суштината на OLED технологијата.
Според податоците на истражувачката компанија Omdia, LG минатата година го зазеде водечкото место на глобалниот пазар на OLED телевизори, испорачувајќи импресивни 3,18 милиони телевизори. Само во четвртиот квартал беа испорачани над 1,1 милион OLED модели, што ја потврдува способноста на компанијата да испорача врвна технологија што ги задоволува сè пософистицираните барања на потрошувачите.
Уделот на OLED телевизорите во премиум сегментот (модели поскапи од 1.500 USD) достигна 45% во 2023 година, со раст од 8,5 процентни поени во однос на претходната година. Се очекува дека овој процент ќе надмине 50% оваа година, а LG ќе остане посветен на иновациите за да ја задржи водечката позиција во OLED индустријата.
Побарувачката за поголеми екрани продолжува да расте, при што е зголемен и бројот на испорачани ултра-големи OLED телевизори, кои сега сочинуваат 16% од вкупниот пазар на OLED телевизори. LG исто така предничи и во овој сегмент, со 57,5% удел на пазарот во 2024 година за OLED екрани со големина од 75 инчи и поголеми, вклучувајќи атрактивни модели од 77, 83, 88 и 97 инчи.

Потпирајќи се на повеќе од една деценија искуство во иновациите на OLED технологијата, LG е подготвен да ги претстави најновите модели на OLED телевизори со напредни функции, како што се:
- Безжично пренесување на аудио и видео содржини до 4K 144Hz без доцнење и загуба на квалитет,
- Персонализација со помош на вештачка интелигенција преку платформата webOS,
- Супериорен квалитет на сликата со подобрена осветленост и совршено прикажување на нивоата на црна боја за уникатно искуство при гледање.
Глобалните испораки на телевизори достигнаа 208,8 милиони единици минатата година, што претставува раст по три години стагнација. Исто така, бројот на испорачани OLED телевизори се зголеми за 8% на годишно ниво, достигнувајќи 6,07 милиони единици. Покрај тоа, вкупните испораки на LG телевизори, вклучувајќи ги OLED и LCD моделите, изнесуваа 22,6 милиони единици, што претставува 16,1% од вкупниот приход на глобалниот ТВ пазар.

