Samsung Electronics денеска официјално најави дека ќе One UI 7 ќе почне да се воведува од 7 април, носејќи подобрен интерфејс прилагоден на вештачка интелигенција и поголеми можности за персонализација. Првите уреди кои ќе го добијат ажурирањето се смартфоните од Galaxy S24 серијата, Galaxy Z Fold6 и Z Flip6, а подоцна ќе се прошири и на други Galaxy телефони и таблет уреди
One UI 7 воведува модернизиран и поедноставен кориснички интерфејс, дизајниран да обезбеди интуитивно и прилагодливо корисничко искуство. Редизајнираната почетна страница, виџетите и заклучениот екран им овозможуваат на корисниците полесна и побрза персонализација на уредот. Една од клучните новини е Now Bar, кој носи ажурирања во реално време директно на заклучениот екран. За време на утринското трчање, корисниците можат брзо да го проверат напредокот во вежбањето или да видат која песна се пушта во Galaxy Buds, без потреба да го отклучуваат телефонот.
AI функции за попаметна употреба на Galaxy уредите
One UI 7 воведува низа AI-функции кои им помагаат на корисниците да ја зголемат продуктивноста и да ја изразат својата креативност:
- AI Select овозможува лесно претворање на видео содржина во GIF-датотека со едноставно кликање на иконата „AI Select“ во Edge Panel.
- Writing Assist им помага на корисниците да резимираат или автоматски да форматираат текстови без дополнителен напор.
- Drawing Assist овозможува цртање и дизајнирање преку комбинирање на текстуални и визуелни елементи.
- Audio Eraser нуди напредни опции за уредување на звук, со изолирање и отстранување на несаканите звуци во видеата.
Подлабока интеграција со Google Gemini AI
Со интеграцијата на Google Gemini, користењето на телефонот станува уште поинтуитивно. Со долго притискање на страничното копче и едноставна гласовна команда, корисниците можат да побараат информации, како на пример:
„Најди италијански ресторани што се pet-friendly и имаат градина во близина.“
Исто така, пребарувањето во поставките сега поддржува природен јазик – корисниците можат да кажат:
„Моите очи се уморни.“
Потоа телефонот автоматски ќе предложи опции како намалување на осветлувањето или вклучување на Eye Comfort Shield.
Достапност и уреди што ќе го добијат One UI 7
One UI 7 ќе почне да се воведува од 7 април, најпрвин на Galaxy S24 серијата, а потоа и на следните модели во наредните недели
- Galaxy S24 FE, серијата Galaxy S23, Galaxy S23 FE
- Galaxy Z Fold6, Z Flip6, Galaxy Z Fold5, Z Flip5
- Серијата Galaxy Tab S10, серијата Galaxy Tab S9
Се очекува дополнителни Galaxy уреди да го добијат ажурирањето во наредните месеци, објави Samsung.