Таканаречената „супер е-платформа“ ќе може да ги полни батериите со рекордна брзина од 1.000 киловати (kW), што ќе им овозможи на возилата да патуваат 400 километри по петминутно полнење
Кинескиот конгломерат BYD претстави нова платформа за полнење на електрични возила, за која тврди дека би можела да трае исто толку колку и точењето гориво, и за првпат најави изградба на мрежа на полначи низ цела Кина.
Така наречената „супер e-платформа“ ќе може да полни батерии со рекордна брзина од 1000 киловати (kW), што ќе им овозможи на возилата да поминат 400 километри по само пет минути полнење, изјави основачот на компанијата Ванг Чуанфу на настан кој се пренесуваше во живо од седиштето на компанијата во Шенжен.
Брзината од 1000 kW би била двојно поголема од полначот „Supercharger“ на Tesla, кој нуди брзина на полнење до 500 kW.
Технологијата за брзо полнење се смета за клучна за поширокото прифаќање на електричните возила, бидејќи би помогнала во намалување на загриженоста кај возачите.
„За целосно да ја отстраниме загриженоста на нашите корисници во врска со полнењето, се стремевме да го постигнеме целта времето на полнење на електричните возила да биде исто толку кратко како точењето гориво кај бензинските возила“, изјави Ванг.
„Ова е првпат во индустријата да се постигне мегаватна моќност при полнење“, додаде тој.
Новата технологија за полнење првично ќе биде достапна во две нови електрични возила – седанот Han L и теренецот Tang L, кои чинат околу 34.000 евра. BYD најави дека ќе изгради 4000 ултрабрзи полначи низ цела Кина.
Компанијата не прецизираше временска рамка ниту колку средства ќе вложи во изградбата на такви локации.
Досега, сопствениците на BYD главно се потпираа на полначите на други производители на автомобили или на јавни полначи за да ги наполнат батериите на своите возила.