Планот на Apple да произведе iPhone без USB-C порт нема никакви пречки во Европската Унија, официјално е потврдено.
Новинарот на Bloomberg, Марк Гурмаn тврди дека во Apple размислувале да го направат iPhone 17 Air нивниот прв уред без порт, но тоа не е новост, бидејќи за iPhone со само безжично полнење се зборува барем од 2019 година. Сепак, американската компанија засега одлучила да го остави тој план настрана, наводно од „страв“ дека би можел да се коси со правилата на Европската Унија.
Меѓутоа, сега е јасно дека нема пречки, бидејќи портпаролката на Европската комисија, Федерика Миколи, потврди запорталот 9to5Mac дека уред кој поддржува само безжично полнење е совршено усогласен со правилата.
Бидејќи ваквата радио опрема не може да се полни преку кабел, нема потреба за вградување на компатибилно решение за полнење.
Со други зборови, USB-C портот е задолжителен само за уреди со преносни батерии кои поддржуваат жично полнење. Целта е да се укинат различните некомпатибилни стандарди за жично полнење, но доколку безжичното полнење е единствениот начин, USB-C воопшто не е потребен.
Всушност, дел од истиот закон кој бара секој уред со жично полнење да има USB-C порт, исто така предвидува и стандардизација на безжичното полнење.
Европската комисија ќе ја промовира хармонизацијата на безжичното полнење за да се избегне идната фрагментација на внатрешниот пазар и негативните ефекти врз потрошувачите и околината. Комисијата ќе ја следи еволуцијата на сите видови безжични технологии (не само индуктивни), особено развојот на пазарот, навлегувањето на пазарот, фрагментацијата на пазарот, технолошките перформанси, интероперабилноста, енергетската ефикасност и перформансите на полнење.
За среќа, тоа е речиси завршено. Оригиналниот Qi е најнискиот заеднички стандард. Qi2 е надградба што е компатибилна со претходните верзии. Се разбира, Qi2 во основа е Apple-овиот MagSafe, додека Wireless Power Consortium ги направи магнетите опционални.
Во секој случај, iPhone 17 Air сепак ќе има USB-C порт, но можно е Apple да го примени решението без USB-C порт за iPhone 18 Air.