Според најновите информации, Honor би можел да лансира свој GT Pro паметен телефон веќе следниот месец. Овој моќен гејминг уред долго време е во развој и сега се очекува наскоро да се појави на пазарот.
Неофицијални податоци објавени од страна на @DirectorShiGuan, инсајдер, укажуваат на тоа дека Honor GT Pro ќе дебитира веќе следниот месец, а заедно со него би можеле да видиме и други нови производи. Истотака, се шпекулира дека пред GT Pro моделот ќе биде претставена Honor 400 серија, што значи дека би можела да се појави кон крајот на март или почетокот на април 2025 година.
Според претходните информации, Honor GT Pro најверојатно ќе биде опремен со Snapdragon 8 Elite чипсет. Дизајнот најверојатно ќе биде сличен на стандардниот модел, но телефоните би можеле да станат потенки и полесни, со подобрени перформанси.
На полето на камери, уредот ќе поседува главна камера од 50 MP, со дополнителен сензор за макро фотографии. Истотака, се очекува батерија со капацитет од 6000 mAh (помала од претходно споменатите 7000 mAh), со поддршка за брзо полнење од 100 W.
Још една значајна карактеристика ќе биде присуството на 3D сензор за отпечаток од прст, кој ќе овозможи попрецизна и побезбедна биометриска идентификација. Други софтверски новости допрва треба да бидат откриени, а повеќе детали може да очекуваме во наредните недели, пишува HC News.