Растот на испораките на Mac компјутери во САД достигна повеќе од 25% во последниот квартал од минатата година, надминувајќи ги сите производители на PC компјутери заедно
Според извештајот на Canalys, испораките на Mac компјутери во САД во четвртиот квартал од минатата година пораснале за цели 25,9% во однос на истиот период од претходната година, со што го надминале растот на кој било друг производител на PC компјутери. Овој раст го зголеми уделот на Apple на пазарот на компјутери (без таблет-уреди) од 14,4% на 17,1%.
Освен Apple, раст забележале и Acer и Lenovo, но во помала мера. Acer имал раст од 20%, додека Lenovo ги зголемил испораките за 11,8%.
Интересно е што двајцата водечки производители – HP и Dell – изгубија пазарен удел, кој падна под 50%. HP забележа пад на испораките од 3,6%, додека кај Dell падот изнесува 2,4%.
Одлуката на Microsoft за укинување на Windows 10 е клучен фактор за растот на популарноста на Mac
Microsoft минатата година најави дека ќе престане да го поддржува Windows 10, а оваа одлука стапува на сила во октомври оваа година. Ова вклучува прекин на техничката поддршка и безбедносните надградби, што го прави користењето на овој оперативен систем небезбедно.
Од 14 октомври 2025 година, Microsoft повеќе нема да обезбедува бесплатни софтверски надградби преку Windows Update, техничка помош или безбедносни исправки за Windows 10.
“Вашиот компјутер ќе продолжи да работи, но препорачуваме премин на Windows 11. Windows 11 нуди модерно и ефикасно искуство дизајнирано да одговори на тековните барања за зголемена безбедност.”
Бидејќи милиони постари компјутери не можат да го поддржат Windows 11, многу деловни корисници се принудени да ги заменат.
Бидејќи мораат да купат нови уреди, Canalys сугерира дека некои компании решиле да ја искористат оваа можност и да преминат од PC на Mac компјутери, пренесува 9to5Mac.
*“Циклусот на обновување на Windows создава плодна почва за Apple да ги таргетира и потрошувачите и деловните корисници, кои можеби се отворени за промена на оперативниот систем. Историски гледано, проблемите со управувањето и компатибилноста често беа причина зошто поголемите комерцијални купувачи ги избегнуваа Apple производите.
Сепак, многу од овие проблеми сега се решени, а со поконкурентни цени и ревизија на партнерскиот програм на Apple подоцна оваа година, се очекува 2025 да биде година во која Mac ќе освои поголем пазарен удел во комерцијалниот сегмент.”*