Во денешно време, кога темпото на живот е сè побрзо, модерната технологија игра клучна улога во олеснувањето на секојдневните обврски – вклучително и чистењето на домот. Не само при „генералките“ за време на промена на сезоните како на пример сега, туку и при редовните чистења, честата појава на прашина, влакната од миленици, секојдневните, но и наталожените нечистотии бараат решение кое е брзо, ефикасно и практично. Токму тука доаѓаат до израз иновациите кај безжичните правосмукалки од Samsung Bespoke Jet – уреди кои ги комбинираат напредните технолошки решенија со извонредна моќност на вшмукување и интелигентни функции за максимална удобност. Лесни за користење и секогаш подготвени за акција, овие правосмукалки ви овозможуваат да го одржувате вашиот дом беспрекорно чист, без напор и стрес. Благодарение на вештачката интелигенција и паметните додатоци, Bespoke Jet не само што го олеснува чистењето – туку го претвора во едноставно и задоволително искуство.
Паметно решение за совршено чист дом
Еден од најбараните модели на правосмукалки е бежичната Samsung правосмукалката Bespoke Jet™ AI, којакористи вештачка интелигенција за автоматско прилагодување на процесот на чистење во зависност од типот на подот. Со моќност на вшмукување до 280W и максимална моќност на моторот од 730W, оваа правосмукалка обезбедува висока ефикасност и долго време на работа, благодарение на батеријата која трае до 100 минути.
Еден од клучните аспекти на Bespoke Jet™ AI е технологијата Air Pulse за автоматско празнење на резервоарот за прашина, што ја прави оваа правосмукалка поефикасна и похигиенска. Тука е и технологија Air Spin Edge која го врти Spinning Cyclone со брзина на сечилото до 1000 вртежи во минута за да го отстрани целиот отпад, вклучувајќи ги и сите преостанати честички што може да се заглават во резервоарот.
Правосмукалката содржи и фантастични додатоци кои несомнено ќе се погрижат да ги оправдаат вашите очекувања за оваа совршена правосмукалка. Покрај главната четка Active Dual и тенка LED четка +, имате на располагање додаток за миленици кој е наменет за секој дом во кој живее и миленик, прскачки ротирачки чистач, како и дополнителни алатки како флекс алатката, комбинирана алатка и продолжителна алатка за тесни отвори.
Чистење со стил и ефикасност
Исто така, како врвна стик правосмукалки ја издвојуваме и безжичната правосмукалка Bespoke Jet™ Complete, со моќност на вшмукување од 210W и тежина која ќе ја чувствувате на раката од само 1,44 килограми, како одличен избор за домаќинства со миленици, благодарение на специјално дизајнираната четка за влакна. Мултифункционалната станица за чистење автоматски го празни резервоарот за прав, задржувајќи 99,999% од честичките. Со прилагодлив стик-држач и разни додатоци за тешко достапни места, оваа правосмукалка обезбедува максимална флексибилност и леснотија при чистењето. LCD екран за следење на вшмукувањето и батеријата ги овозможува сите податоци на дофат на раката, а паметната самодијагностика осигурува долготрајно и оптимално функционирање на уредот.
Со овие иновации, правосмукалките Samsung Bespoke Jet ги прават вашите домашни задачи побрзи, полесни,поефикасни и често пати забавни.
Промотивна понуда за да се уверите во вашиот избор!
Сега е идеално време да си го дозволите најдоброто за вашиот дом, и тоа за селектирани модели на Bespoke Jet правосмукалки имате можност да ги вратите по 100 денови од купувањето. Благодарение на промоцијатаTry&Buy на Samsung која ќе трае до 27.04.2025, ќе можете во потполност да се уверите зошто овие одбрани модели на правосмукалки се вистинскиот избор за вас и да ја почувствувате леснотијата на чистењето на вашиот дом. Повеќе детали можете да прочитате тука.