Google Drive за ARM е достапен за преземање исклучиво на компјутери со Windows 11 и Microsoft WebView 2
Официјално е издадена апликацијата Google Drive за компјутери со Windows кои се компатибилни со ARM архитектура. Станува збор за апликација која првпат беше претставена минатата година во бета верзија, а сега е достапна за сите корисници.
Како и постојната апликација на Google Drive, со која многумина се добро запознаени, верзијата за ARM овозможува складирање, синхронизација и пристап до датотеки на компјутери со Qualcomm процесори. Апликацијата е достапна за преземање исклучиво на компјутери со Windows 11 и Microsoft WebView 2.
Оние кои веќе ја преземале бета верзијата на Drive ќе добијат автоматска известување од Google за надградба на најновата верзија. Оние кои сè уште не го направиле тоа, можат да го преземат Drive за ARM од официјалната страница на Google.