Компанијата Vivo во Кина го претстави својот нов хедсет за мешана реалност (MR) за време на Boao форумот за Азија. Прототипот беше демонстриран на штандот, а финалниот уред треба да биде пуштен во продажба во средината на оваа година.
Vivo тврди дека воведувањето на хедсетот Vision е дел од стратегијата за „зајакнување на неговите просторни компјутерски способности во реално време за идни апликации во потрошувачката роботика“.
На овој настан беа претставени и други врвни иновации, како напредокот во 6G мрежата и претстојниот паметен телефон X20 Ultra.
За време на сесијата “Vivo Release Moment”, извршниот потпретседател на компанијата Ху Бајшан изјави дека индустријата за мобилни телефони е „микрoкосмос“ на кинеските технолошки иновации. Тој истакна дека Vivo е водечки домашен бренд за мобилни телефони и дека опслужува повеќе од 500 милиони корисници на 60 пазари.
Боо форумот за Азија е покренат од дваесетина азиски земји, каде што лидери од владата, бизнисот и академската заедница разговараат за својата визија за најитните прашања со кои се соочува регионот.
За време на форумот, Vivo најави основање на лабораторија за роботика, што е нов стратешки правец за иновации кон кој компанијата планира да се насочи. Планот е Vivo да развие „мозок“ и „очи“ за роботите, користејќи го своето искуство во области како што се вештачката интелигенција (AI LLM) и создавањето слики, заедно со просторните компјутерски можности што ќе ги добие преку Vivo Vision.
Знаењето собрано од MR технологијата ќе биде комбинирано со Blue Technology Matrix (BlueImage, BlueLM, BlueOS, BlueChip и BlueVolt), што е збир на модели управувани од вештачка интелигенција, со цел „технологијата да се изнесе од лабораторијата во секојдневниот живот на корисниците“.