Корисниците на Google Pixel телефоните со доаѓањето на Android 16 системот ќе добијат една многу корисна и практична функција
Корисниците на Pixel телефони наскоро ќе добијат значително подобрување во безбедноста и практичноста при користење на нивниот омилен уред. Во претстојната верзија на Android 16, Google ќе овозможи функција за отклучување со отпечаток од прст додека екранот е исклучен, што значително ќе го забрза процесот на автентикација при брза употреба на телефонот.
Оваа крајно корисна функција ќе биде имплементирана во Android 16 системот за сите Pixel телефони кои поседуваат ултразвучен сензор за отпечаток од прст, практично од Pixel 6 до најновите модели. Значи, важно е да се истакне дека оваа функција ќе работи само ако телефонот има вграден соодветен хардвер, односно ултразвучен сензор за отпечаток од прст. Исто така, оваа функција корисниците ќе можат рачно да ја активираат или деактивираат во поставките.
Конкретните придобивки од оваа функција се побрзо отклучување без потреба за активирање на екранот, што од друга страна влијае на подобра енергетска ефикасност при реална употреба на телефонот и, на крајот, севкупно подобрено корисничко искуство.
Финалната верзија на Android 16 системот се очекува во јуни 2024 година, што значи дека Pixel корисниците наскоро ќе можат да ја испробаат оваа иновативна функција. Оваа надградба е дел од пошироката стратешка цел на Google за подобрување на биометриската автентикација со цел подобро корисничко искуство.
Доаѓањето на новата функција ги елиминира непотребните чекори во процесот на отклучување на телефонот, додека од друга страна ја потврдува решеноста на Google за унапредување на Pixel екосистемот. На крајот, оваа новина се објавува во критичен момент пред лансирањето на Pixel 10 серијата, пренесува Android Authority.