Додавањето на „рачен менувач“ не носи дополнителни перформанси, туку го враќа чувството на класично возење
Ford патентираше рачен менувач наменет за електрични возила, обидувајќи се на тој начин да го оживее чувството на класично возење кое наводно им недостасува на сопствениците на електрични возила. Патентот со назив Shifter Assembly For Electric Vehicle (Склоп на менувач за електрично возило) прикажува рачка што го имитира класичниот менувач со шест брзини.
За разлика од класичните рачни менувачи, овој систем користи електронски контролер на моќност и актуаторски системи за да симулира менување на брзини. Кога возачот ја придвижува рачката напред-назад, се испраќаат сигнали до електричниот мотор на возилото, менувајќи ја моќноста и имитирајќи го работењето на стандарден менувач. Ова дури вклучува и прекини во моќноста како кај вистинското менување брзини.
Покрај тоа, рачката на Ford теоретски може да се користи како секвенцијален менувач или да следи стандарден распоред со шест брзини, а вградените мали мотори во основата обезбедуваат повратна сила и вибрации за да го направат доживувањето што е можно пореално.
Хјундаи веќе претстави слична технологија со моделот Ioniq 5 N, додека Тојота тестира симулирани менувачи на новите модели на Lexus.