Facebook се враќа на своите корени – новата опција Friends ќе ги прикажува само објавите од пријателите
Кон средината и крајот на 2000-тите, социјалната мрежа Facebook беше фокусирана на одржување контакти со пријателите и семејството. Но, како што платформата додаваше нови функции и со текот на времето стануваше сè поголема, тоа основно искуство почна да исчезнува. Сепак, дојде време за промена.
Компанијата Meta воведе нова функција што ќе ја „врати радоста“ на класичниот Facebook. Картичката Friends е редизајнирана за да го стави фокусот на „магичноста на пријателите“. Страницата сега прикажува содржина што ја објавуваат само пријателите на корисникот, без препорачана содржина или други одвлекувања на вниманието. Од сега, табовите ќе прикажува објави од пријателите, Reels, известувања за родендени и други активности, а исто така ќе продолжи да ги прикажува и барањата за пријателство.
Досега, Friends табот прикажуваше само барања за пријателство и луѓе што корисникот можеби ги познава.
Промените на картичката Friends прво ќе пристигнат кај корисниците во САД и Канада. Редизајнираната страница најверојатно е промена базирана на серверот, па затоа нема потреба од ажурирање на апликацијата, но сепак се препорачува преземање на најновата верзија. За пристап до картичката Friends, потребно е да се допре профилната слика во долниот десен агол и да се избере Friends.
Можно е и закачување (пинување) на картичката Friends, за полесен пристап од долната лента за навигација. Во овој случај, потребно е да се допре профилната слика во долниот десен агол и потоа да се следат чекорите: Settings & Privacy → Settings → Tab bar → Customize the bar.
Meta ветува дека ќе воведе уште некои класични функции на Facebook во текот на оваа година.