Кинезите во своите планови имаат изградба на соларна станица во вселената, која би се наоѓала во геостационарна орбита на висина од околу 36.000 километри над Земјата.
Станицата треба да биде широка околу еден километар кога ќе биде завршена, а нејзината задача е да собира сончева енергија без пречки како што се временските услови, ноќната темнина и атмосферата.
Суштината на идејата е собирање на сончевата енергија, која е многу поинтензивна во вселената, каде што густината на енергијата е до 10 пати поголема во споредба со Земјата. Потоа, таа енергија би се претворила во микробраново зрачење и би се испраќала на Земјата за користење. На овој начин, станицата би станала континуиран извор на енергија. Дополнително, ова решение не бара жици, бидејќи енергијата би се пренесувала преку микробранови до приемниците на Земјата.
Интересно е што проектот го предводат експерти, меѓу кои и Лонг Лејао, ракетен научник од Кинеската академија за инженерство. Тој го споредува значењето на соларната станица со преместување на браната Три Клисури (најголемата хидроцентрала во светот) во орбитата.
Што се однесува до временската рамка, мали тестирања ќе се извршат во стратосферата помеѓу 2025 и 2029 година, MW-станица се очекува до 2030 година, а комерцијална GW-станица до 2050 година.